image00

Google обично претставува нова верзија од Android оперативниот систем на нивната Google I/O конференција, по што е достапна Developer Preview верзија за тестирање од страна на програмерите.

Наредната верзија од Android, која е стигната до буквата N, стана достапна оваа недела, а може да ја тестираат сите заинтересирани, односно не само програмерите. Интересно со оваа верзија овозможен е процес на OTA надградба, односно надградба преку самиот уред, со што корисниците можат да ги задржат своите податоци.

Уредите на кои може да се инсталира Android N се Nexus 6, Nexus 9, Nexus 5X, Nexus 6P, Nexus Player, а регистрирањето за надградбата може да се направи преку следниот линк. Се разбира достапни се стандардните Factory Images за флешување на уредот.

Што е ново во Android N ?

Оваа верзија од Android донесува неколку интересни новости, барем во оваа фаза, а може да се очекуваат дополнителни промени до пуштањето на финалната верзија до крајот на годината.

Една од поголемите промени во N е можноста за пуштање на две апликации во исто време со поделување на екранот на два дела. Ова е функција која се покажа како доста корисна на Windows компјутерите, а постепено стана прифатена од другите платформи.

image01

Поставувањето на две апликации една до друга се прави преку листата на вклучени апликации во позадина, односно со подолго притискање на некоја од нив и повлекување до саканата половина од екранот. На втората половина се прикажани останатите апликации со чие притискање ќе ја пополнат истата.

Која апликација колкав дел од екранот ќе зазема може да се прилагодува со влечење на линијата помеѓу нив која и ги дели.

Втора значителна промена е во центарот за известувања. Тие вклучуваат многу повеќе информации, а исто така сега се повеќе интегрирани тие од истата апликација. Сите апликации ќе може да вклучат можност за брз одговор преку центарот за известувања.

Големо подобрување во центарот за известувања е поставување на кратенките за Wi-Fi и слични во намалена форма на горниот дел, без потреба од второ повлекување како во сегашната верзија. Доколку се повлече втор пат, се добива сегашниот кориснички интерфејс, со нови можности за негово прилагодување.

Android N ќе воведе и дополнително подобрување во системот за заштеда на батеријата, Doze. Оваа функција на оперативниот систем која врши оптимизација на ресурсите кои апликациите ги користат при мирување на уредот. Во N, Doze ќе врши оптимизирање веднаш по исклучување на екранот, со што треба да се овозможи дополнително траење на батеријата.

Повеќе информации за Android N можете да прочитате на официјалниот Android Blog.

Извор: The Verge, Android Central, TechnoBuffalo

Претходна статијаГХС можеби постави основа за промена на Стандардниот модел во физиката
Следна статијаИднината пристигна: Канцеларијата е насекаде околу нас
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.