ipad-mac-event0020
TechCrunch

Apple вчера го одржа настанот кој што го најави минатата недела. Како и обично, најавата на настанот не содржеше повеќе информации околу што треба да биде претставено, па бевме оставени на шпекулациите. Меѓутоа шпекулациите веќе се станати дел од шоуто кое што се приредува при претставувањето на новите уреди и производи, па веќе претставувавме што треба да биде преставено, па така и испадна.

На настанот кој што се одржа вчера, Apple ги претстави следните работи:

apps_large

iPad Air 2

Претставувањето на нова генерација од iPad беше доволно потврдено со шпекулациите, па мали беа шансите тоа да не се случи. Главната новина во iPad Air 2 е намалувањето на дебелината за 18%, новиот A8X 64-битен чип кој што донесува 40% подобри перформанси, како и воведувањето на TouchID сензорот за отисоци од прсти. Екранот на новиот iPad ја здржува големината од 9,7 инчи и доаѓа со резолуција од 2048×1536 пиксели и нивна густина од 264 ppi. Камерата на уредот е надградена исто така, па оваа година доаѓа со 8 мегапиксели, можност за снимање на 1080p видеа, снимање на успорени видеа, како и Time Lapse видеа. iPad Air 2 треба да издржи до 10 часа на користење.

hero_large

iPad Mini 3

Новиот iPad Mini за разлика од претходниот модел, не донесува нешто посебно големи новости. Во главно ги задржува своите карактеристики, односно процесорот, екранот и слично. Главната разлика која што ја донесува годинешниот модел е TouchID сензорот за отисоци за прсти.

intro_fallback_xlarge

iMac со Retina екран

На настанот Apple претстави и нова генерација на iMac компјутери кои што доаѓаат со таканаречениот Retina екран. За да се постигне густината на пикселите на 27 инчниот екран, тој вклучува резолуција од 5120 x 2880 пиксели, што од компанијата го нарекуваат 5K. Основниот модел доаѓа со 3.5GHz quad-core Intel Core i5 процесор, AMD Radeon R9 M290X гравичка картица, како и 1 TB хард диск. Најјаката конфигурација која што може да се направи вклучува 4GHz Core i7 процесор, 32 GB RAM меморија, 3TB диск, како и 1TB SSD диск.

Mac Mini

Малиот Mac Mini нема добиено нова верзија изминатите две години, па логично е да се очекува многу поголема разлика од претходниот модел. Mac Mini ќе доаѓа во три варијанти кои што ќе ја вклучуваат четвртата генерација на Intel процесори, како и Intel Iris и HD Graphics 5000 графика. Првиот модел ќе доаѓа со 1.4GHz dual-core Intel i5 процесор и 4 GB RAM меморија, додека најјакиот со 2.8GHz dual-core i5 процесор и 8 GB RAM меморија.

Заедно со претставувањето на уредите, Apple ја најави и достапноста на најновата верзија од OS X оперативниот систем, односно 10.10 Yosemite. Корисниците ќе можат да ја симнат оваа верзија од системот бесплатно почнувајќи од денес. Исто така беше најавен и iOS 8.1 кој што ќе донесе поддршка за Apple Pay за новите iPhone 6 модели кои што доаѓаат со вграден NFC чип.

Извор: The Verge, Apple iPad Air 2, Apple iPad Mini 3, Apple iMac with Retina

Претходна статијаDarma паметната перница ќе ве потсети да станете и подобро да седите на вашето столче
Следна статијаКонечно ќе се гради 30-метарскиот телескоп на Хаваи
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.