Изградбата на овој телескоп е предвидена уште пред неколку децении, но поради протестите од локалното население на Хаваи тоа досега не е остварено. Истиот е предвиден да се изгради на врвот на неактивниот вулкан Мануа Кеа на еден од Хавајските острови и треба да има десет пати поголема моќ на телескопирање од Хабл телескопот.
Инаку телескопот со својата поставеност (надморска висина и чистина на воздух) се обидува да го надмине ограничувањето во телескопирање кое Земјата го пружа, а кое најчесто се остварува како променливо и облачно време, загадување на воздухот, соларни бури и распрскување на светлината во атмосферата. Неговиот радиус треба да биде околу 30 метри, ќе биде составен од 492 хексагонални огледала кои ќе бидат лесно заменливи и ќе им помогне на научниците во вселенските истражувања и во истражувањата на историјата на космосот.
Дозволата за градба е конечно добиена во 2013 година и покрај противењето на локалното хавајско население кое ги смета планините за свети и забранува градба на било што на нив. Церемонијата за отворање ќе се одржи на 7 Октомври.
Извор: Engadget