europesmarse

Изгледа дека вселенските агенции ширум светот имаат нова цел за натпревар – Марс. Пред некое време ја пренесовме веста за НАСА и нејзиниот план за праќање луѓе на Марс, по нејзе следеше милијардерот Елон Маск, а сега уште еден милијардер, Денис Тито, е заинтересиран да прати луѓе на Марс.

Тито е повеќе заинтересиран за облетувачка мисија околу Марс без слетување на црвената планета, нешто слично како облетувачката мисија околу Месечината остварена пред 46 години. Интересното е што неговиот план опфаќа остварување на оваа мисија во следните 5 години, а за остварување планира да искористи модифицирана верзија на Falcon Heavy ракетата од SpaceX компанијата на Елон Маск. Идеалното полетување би требало да се случи во Јануари 2018 година кога Земјата и Марс се на најодговарачка далечина за ваква мисија и мисијата треба да трае 501 ден.

Песимизмот врзан со ваквите храбри вселенски чекори генерално се поврзува со непредвиденоста на луѓето за толку долг живот во затворен, мал и суперизолиран простор и мала гравитација. Изолираноста и дружењето со истите луѓе повеќе од една година знае да предизвика летаргија, несоница и демотивираност кај луѓето и животните. Таквите простори обично претставуваат проблеми при одржување на лична хигиена бидејќи не постојат тушеви туку чистењето се сведува на триење со навлажнет сунѓер. Малата гравитација предизвикува распаѓање на мускулите и коските на астронаутите, кои мораат цело време да вежбаат за да го одржат телото, а космичките зрачења имаат потенцијал да имаат многу негативни ефекти врз нашите тела и мозоци како и врз лековите кои астронаутите ги носат со себе.

Но и покрај ваквите пречки гледаме оптимизам кај милијардерите како Денис Тито кои се решени да ја освојат црвената планета наскоро во еден историски момент. Освојувањето на Марс е следната голема точка во човечкото истражување на вселената.

Извор: Discovery

Претходна статијаКонечно ќе се гради 30-метарскиот телескоп на Хаваи
Следна статијаOS X 10.10 Yosemite достапен бесплатно за сите корисници