Пред околу една година првите Tesla Powerwall батерии пристигнаа во Австралија. Еден од првите сопственици на ваква батерија во Австралија е Ник Фитцнер, кој ги споделува своите искуства од користењето на ова технологија. Тој и неговото семејство го купиле овој продукт во јануари 2016 година. Неговите очекувања биле намалување на 80% од сметката за електрична енергија која изнесувала 1.750 долари во 2015 година. Заштеда на 80 проценти од електричната енергија се очекувани доколку се работи во нормални услови, но тоа не значи дека овој процент не може да биде уште поголем.

Ник и неговото семејство успеале да ја намалата сметката за електрична енергија за цели 92%, односно за 2016 година платиле само 137 долари. Според него, пред да го инсталира овој систем, тој очекувал да ја врати вкупната инвестиција од 12.800 долари за повеќе од една декада. Се чини дека тие бројки може да се променат доколку се продолжи со овој процент на заштеда. Неговите пресметки велат дека сега е возможно инвестицијата да ја врати за околу 8 години.

Во австралија околу 1.5 милиони семејства имаат инсталирано соларни панели на нивните кровови. Тоа претставува 15 проценти од домаќинствата, или највисок процент во светот по број на жители. Сето ова се должи на големиот број на сончеви денови и изложеноста на сонце во оваа држава. Според Ник овој систем прво ги задоволува потребите на домаќинството како приоритет, а потоа ја полни батеријата за понатамошно искористување на енергијата.

Извор: Electrek

Претходна статијаiPhone 8 ќе има револуционерна предна камера за 3D селфија
Следна статијаKaspersky OS е супер безбеден оперативен систем за IoT уредите