CoQGvhFWgAAKMxq.jpg large

Solar Impulse 2, авионот напојуван само од сончева енергија и кој го започна својот пат околу светот во март минатата година, денеска успешно ја заврши мисијата со слетување во Абу Даби, од каде што и полета.

Целта на развивачите на овој авион е да покажат дека поголемиот дел од работите кои денеска масовно ги користиме, можат без проблем да работат на енергија од обновливи и еколошки извори.

Solar Impulse 2 на себе има повеќе од 17.000 сончеви панели од кои се полнат батериите на леталото. Како и што би се очекувало, преку ден панелите се користат за полнење на батериите, но и за придвижување на леталото, кое што потоа продолжува навечер да лета само на батерии.

Со оглед на малата брзина којашто ја постигнува леталото од максимални 140 км/ч, а лета со многу помала брзина обично, распонот на неговите крилја е огромен, поголем и од тој на Боинг 747.

Во воздух леталото може да остане повеќе денови, а може слободно да се каже дека ова ограничување повеќе зависи од пилотите кои сепак не може да останат долго време во малата кабина каква што има моментално оваа верзија од леталото.

si2-flight-path

За време на овие година и повеќе, Solar Impulse 2 помина низ повеќе земји во светот, а се разбира ги прелета и некои од океаните. Точната рута на летот најдобро може да се види на сликата погоре.

Извор: The Guardian, TNW

Претходна статијаTwitter верификуваните сметки достапни за сите корисници на мрежата
Следна статијаAMD претстави професионална Radeon Pro SSG графичка со вграден SSD диск од 1 TB
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.