shutterstock_226790008

На секого може да му се случи ситуација каде ќе има значајна повреда на нервите. Во една најобична сообраќајка може да се случи од наглото движење на вратот да пукне или се скрши некој од вратните пршлени. Иако често тоа се санира со операција и лонгета, некогаш тоа резултира во онеспособување на човекот. Слично и со пршлени подоле по `рбетот. Се шпекулира дека дури 60 – 80% од популацијата на САД има болки во долниот дел на `рбетот. Причината е неправилното и постојано седење, еволутивна неприспособеност за држење на исправено тело подолго време, неправилно дигање на големи тежини и слично.

Некогаш се случува некој дел од `рбетот толку многу да биде повреден што го остава сопственикот парализиран. Сепак, медицината не стои и по одреден напредок во директно решавање на овие проблеми со операција (на пример, со обнова на нервите и слично, третмани кои не се често успешни), сега работи на неинванзивно решавање. Поточно, со помош на читање на мозочни бранови.

Имено, еден 26-годишен маж кој бил парализиран од карлицата надоле поради повреда на `рбетниот столб повторно автономно прооде, а повредата не му е (физички) санирана! Докторите го оствариле ова преку сместување на ЕЕГ капа која му ги читала мозочните бранови. Потоа, тие почнале да го тренираат со помош на виртуелен аватар на компјутерски екран, каде требало со помош на мозочните бранови да научни да го движи.

Од кога доволно се истренирал, секако дека не го пуштиле туку така да тргне да оди. Прво се работело на обнова на атрофираните мускули (поради неактивност), а потоа му закачиле електроди во нив (поврзани со ЕЕГ капата) и го „обесиле“ човекот на да лебди на висина од неколку центиметри од подот. Ова било потребно за да ја тестираат неговата можност да ги движи нозете. По успешните тестови, човекот го пуштиле на земја каде по неколку недели научил да оди самостојно дури до неколку метри.

Имате проблеми со кичмата и сте парализирани? Наскоро можеби ќе можете повторно да одите самостојно. Ако ова не покажува колку може да ни помогне технологијата, не знаеме што друго покажува. За останатите здрави и прави, користете и вежбајте го телото за да ве служи долги години и да нема потреба од вградување на дополнителни системи за да си ја врши основната работа.

Извор: IFLScience, LiveScience

Претходна статијаFacebook Notes со нов формат – Дали ќе ве мотивира на повторно користење
Следна статијаApple најави рекордна продажба на новите iPhone 6s модели