iPhone-6-S (2)

Пред две недели Apple најави дека се на пат да остварат рекордна продажба на нивните два најнови модели, iPhone 6s и 6s Plus. Денеска од компанијата потврдуваат дека продажбата е остварена и е досега најголема од претставувањето на првиот iPhone.

Рекордната продажба се однесува за првите три дена по пуштањето во продажба на уредите, а оваа година бројката изнесува 13 милиони продадени iPhone 6s и iPhone 6s Plus телефони. Оваа бројка е за околу 3 милиони поголема од минатата година, кога беа претставени iPhone 6 и 6 Plus.

Овогодинешните модели, иако на прв поглед не изгледаат како да донесуваат нешто ново, тие доаѓаат со неколку новини кои што очигледно ги има заинтересирано корисниците. Главната и најинтересната од сите е 3D Touch технологијата која што овозможува детектирање на различни нивоа на притискање на екранот и со тоа различни функции.

iPhone-6-S (6)

Новите модели исто така доаѓаат и со подобрени камери, односно со повеќе од стандардните мегапиксели за Apple производите. Истите вклучуваат задна камера со 12 мегапиксели, како и предна со 5, нешто што очигледно е до тој степен популарно поради селфи сликите, што нема производител кој што не го вклучува во својата понуда.

iPhone 6s моделите ја вклучуваат и новата генерација од чиповите на Apple, односно А9 чипот. Подобрување може да се види и преку новата верзија од оперативниот систем, односно iOS 9.

Извор: Apple, TechnoBuffalo

Претходна статијаПарализиран човек повторно оди без инванзивна операција
Следна статијаMicrosoft го претстави Windows 10 Starter Pack за Raspberry Pi 2
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.