huawei-logo

Една од најголемите слабости на литиум јонските батерии е тоа што губат капацитет на многу високи температури и дури стануваат и опасни, односно имаат можност од експлозија. Сепак, нова батерија со графин би можела да го реши овој проблем, односно е поотпорна на повисоки температури.

Новата батерија ја развива Watt Laboratory, која е организација под истражувачкиот центар на Huawei, наречен “Huawei’s Central Research Institute”. Благодарение на употребата на графин во овие литиум јонски батерии, тие можат без проблем да функционираат на температури од 60 целзиусови степени, што е 10 степени повеќе од обичните литиум јонски батерии. Новата батерија има и пониска температура од 5 степени при полнење и празнење во однос на класичните литиум јонски батерии, а задржува 70% од капацитетот дури и по 2.000 циклуси.

Да се каже дека само употребата на графин е заслужна за подобрите перформанси на овие батерии е потценување на сите останати технологии употребени во неа. Графинот овозможува подобро ладење, но во батеријата има и адитив во електролитите, кој ги отстранува остатоците од вода и е превентивен во испраувањето на повисоки температури. Исто така, за изработка на катодата е употребен кристален NMC материјал, кој ја подобрува термалната стабилност на „катодната пудра“.

Овие подобрувања и овозможуваат на новата батерија подобро да се снајде во услови на високи температури, како на пример базни станици и електрични автомобили во места со жешка клима, но и во дроновите и сите останати уреди кои користат некаков тип на литиум јонска батерија. Всушност, со ваква батерија Galaxy Note 7 сигурно не би имал проблем со експлозија при повисоки температури.

Извор: Android Authority, Android Headlines, Phone Arena

Претходна статијаКорисниците на iPhone 6s сега може да проверат дали им следува нова батерија преку серискиот број
Следна статијаreMarkable е таблет со „дигитална хартија“ на кој може да пишувате и цртате