Напредокот на соларната индустрија е во постојан подем. Сведоци сме на постојани иновации и новитети во оваа област. Најновата вест е флексибилниот соларен панел којшто привлече големо внимание во светски рамки. Овој панел е ултратенок и може да се развлекува на фасади од згради и други објекти, како и на кровови на автобуси. Со други зборови оваа иновација има речиси неограничен потенцијал во иднина.

Исто така тежината на овој флексибилен соларен панел е за речиси 80% помала од онаа на комерцијалните соларни панели коишто ги користиме денес. Материјалот од којшто се изработени овие панели е сличен на материјалот кој се користи за прозорците од авионите.

Инако овој производ е наречен eArche и е дело на австралискиот бизнисмен со кинеско потекло Zhengrong Shi, кој што е познат како Sun King. Првите 40 киловати од овој нов продукт се веќе инсталирани на три различни локации во Австралија. Zhengrong својот продукт во Австралија го дистрибуира преку австралиската компанија Energus, а во Кина преку SunMan – компанија со седиште во Hong Kong.

Ова е најверојатно најголемата иновација во светот на соларната енергија во последните десет години. На некои објекти не се инсталираат соларни панели токму поради нивната преголема тежина. Со овој нов продукт се решава овој голем проблем. Според Zhengrong Shi самите влади во државите треба да предложат и да донесат закон за задолжително инсталирање на соларни панели на сите нови објекти.

Извор: Inhabitat, RenewEconomy

Претходна статијаИзраелска компанија развива софтвер кој ќе го проценува карактерот врз основа на ликот
Следна статијаВелика Британија ќе воведе полициски дронови