Тоа по што овој модел на Honda се разликува од останатите возила во светот, е користењето на технологијата на водородни горивни ќелии. Автомобилските компании како General Motors, Hyundai и Toyota, со децении работат на развивање на оваа технологија, но сепак Honda стигна најблиску до комерцијализирање на истата со нивниот модел Mirai. Откако не успеаа да го постигнат посакуваното со овој модел, сега на ред е нивниот најнов ас 2017 Clarity да го освојува светот.

Името Clarity за прв пат се спомнува во 2008 година кога Honda го претстави нивниот модел FCX Clarity пред мала и одбрана публика во Калифорнија. Но сепак тогаш технологијата не беше на потребното ниво за да може еден ваков автомобил да премине во сериско производство. После речиси 10 години јапонскиот производител е многу блиску до комерцијализирање на оваа технологија, правејќи ја достапна за сите.

2017 Honda Clarity е со поголеми димензии, што дава дополнителна удобност во внатрешноста и простор за пет личности, наместо четири што беше случај со претходниот модел Mirai. Според димензиите може да се рангира во седан од средна класа, нешто слично на Honda Accord моделот. Горивните ќелии претходно беа поставени на средина на автомобилот, што не оставаше простор за три личности на задното седиште. Сега ќелиите се поставени под хаубата и се добива распоред како комерцијално возило со мотор на внатрешно согорување, со тоа што ќелиите зафаќаат помал простор од V6 моторот на Honda. Големината на овој систем исто така е од клучно значење за неговиот иден развој.

Извор: Inhabitat, CarAndDriver

Претходна статијаHTC го лансира лимитираниот U Ultra со сафирен дисплеј
Следна статијаХокинг развива вселенски туризам