google-maps-skopje

Google Maps е еден од најмногу користените сервиси на Google, кој може слободно да се каже дека направи револуција во „истражувањето“ на Земјата. Оваа недела овој сервис добива неколку промени кои дополнително ќе го подобрат корисничкото искуство, но и корисноста на самиот сервис.

Главната промена која ја добива Google Maps е новиот изглед. Како што истакнуваат и од компанијата, тргнати се одредени елементи од корисничкиот интерфејс кои искуството покажало дека не се потребни.

Промените веднаш за забележуваат, а истите вклучуваат промена на боите на мапите, односно прикажувањето на улиците, околината и слично. Може да се каже дека сега мапите делуваат попријатни за гледање, а со тоа и наоѓање на тоа што корисникот го бара.

SS1

Променети се исто така и фонтовите кои се користат за означување на местата, а според Google, заедно со промените во изгледот на мапите, имињата на улиците, градовите, местата на интерес, сега ќе може многу полесно да се видат, односно ќе бидат повеќе издвоени.

Покрај оваа промена во изгледот, Google Maps сега вклучува и нов начин за полесно наоѓање на места на интерес. Се работи за места кои што од Google сметаат дека би ги интересирале корисниците. Тие вклучуваат популарни места, хотели, кафулиња и слично.

Тие на мапата ќе бидат означени со портокалова боја, а како зумирате на мапата, поточно ќе бидат истакнувани.

Боите на мапите генерално се променети со цел за подобро истакнување на различни видови на елементи, односно градби кои ги претставуваат. На следната слика се прикажани различните бои и што тие треба да означуваат.

SS3

Новите промени во Google Maps се достапни на мобилните апликации за Android и iOS, како и на веб верзијата достапна преку интернет прелистувач.

Извор: Google

Претходна статијаНовиот iPhone ќе се вика 6SE и ќе биде претставен на 16-ти септември
Следна статијаЕлон Маск повторно во поход – ќе го револуционизира јавниот транспорт
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.