Вчитувањето на фотографиите зачувани на Google Photos од сега ќе се одвива побрзо без оглед на квалитетот на конекцијата. Ваквата новина се однесува само на корисниците на Android уреди. Максимизирањето на квалитетот на корисничкото искуство гигантот Google го реши на мошне едноставен начин.

Имено, фотографиите споделени преку оваа апликација се зачувуваат во слаба резолуција, доколку е идентификувана слаба конекција. Сликите се враќаат во првичниот квалитет откако уредот ќе се поврзе на локална мрежа. Истиот принцип се аплицира и за споделувањето на видеа. Ваквата промена настапува со новото „дополнување“, односно верзијата 3,6 на самата апликација.

Од Google се’ уште не објавиле за колкава точно ниска резолуција се работи. Меѓутоа, оваа измена одлично ќе влијае на целокупното корисничко искуство.

Извори: Engadget, Ubergizmo

Претходна статија„Протече“ првата фотографија од новиот карго камион на Tesla
Следна статијаKnightscope претстави роботи кои умеат да детектираат прикриено оружје