Google лансираше нова секција во популарната „продавница“ Play Store која од сега вклучува по една апликација бесплатно, секоја недела. Се работи за апликација која вообичаено би била достапна само доколку платите, но од сега по една апликација ќе биде прогласена за “Free App of the Week” и ќе биде достапна сосема бесплатно.

Во моментов, бесплатно се нуди играта Cartoon Networks’ Card Wars која претходно чинеше 2.99 долари. Активните корисници веднаш забележаа, дека слична кампања Google спроведе и минатата година, но истата го немаше посакуваниот ефект. Овој пат, односно минатата недела, кампањата беше релансирана и понудена беше апликацијата Ultimate Guitar Tabs & Chords, но само мал број од корисниците воопшто ја забележаа.

Тоа се чини како најголемиот проблем, односно „тивкото“ надополнување на понудата, кое генерално не е забележено од страна на корисниците. Исто така, нејасна е и судбината на проектот откако актуелниот промотивен период ќе заврши.

Опцијата е во моментот достапна само за корисниците од САД.

Претходна статијаПротече целосната листа со спецификации за Samsung Galaxy S8 и S8 Plus
Следна статијаСаем на книгата, Скопје травел маркет и Денови на образование и кариера од 4-ти до 10-ти април