Во Кина беше урнат уште еден Гинисов рекорд, трет пат за период од само една година, откако најголем број роботи симултано успејаа да комплетираат танцувачка кореографија. Актуелниот рекорд го држат 1.069 роботи од моделот „Доби“ произведен од компанијата WL Intelligent Technology.

Доби е инаку хуманоиден робот висок 47 цм, контролиран преку апликација и што е најинтересно комерцијално достапен за само 230 американски долари. Понатаму, неофицијално, може да се каже и дека е најдобар танчар помеѓу роботите.

Танцовите натпревари за роботи во Кина имаат специфична важност и доживуваат мошне сериозен пристап. Во изминатите 12 месеци светскиот рекорд за најголем број на роботи кои симултано танцуваат беше уриван дури 3 пати, бидејќи неколку компании од областа на роботиката увидоа шанса за самопромоција преку истото.

Па така, во април минатата година компанијата UBTECH го постави рекордот со 540 роботи, меѓутоа славата им ја одзеде Ever Win Company која го направи истото со речиси двојно повеќе роботи и тоа контролирани од само еден мобилен телефон.

Извор: Quzrtz, New Atlas

Претходна статијаРоботизиран вилушкар ќе ги замени работниците во стовариштата
Следна статијаWindows 10 нема да ги симнува датотеките за надградба без согласност од корисникот