Neural Nanotechnology

За многумина, киборзите се негативците во научно фантастичните филмови од кои ни пролазуваат морници секогаш кога ќе помислиме дека би можеле да ги направиме во иднината. Но, што ако ви кажам дека во не толку далечната иднина дури и ние би можеле да станеме киборзи? Да, буквално секој од нас.

Според популарниот футурист Реј Курцвејл, луѓето би можеле да добијат кибернетски можности уште во 2030 година, благодарение на нано-роботи, кои значително би го зголемиле капацитетот на нашиот мозок. Тие ќе бидат многу мали роботи со ДНК структура, кои буквално ќе пливаат во нашиот мозок и значително ќе ги подобрат неговите можности.

Наноботите би можеле да бидат поврзани на интернет мрежата и со тоа корисникот би ги имал достапни сите информации на дланка, а воедно и можноста за пресметување на сложени проблеми со помош на моќни компјутери. Да, со оваа технологија секој би можел да стане суперчовек, со значително зголемено ниво на интелигенција и знаење.

Според Курцвејл, оваа технологија ќе му овозможи на корисникот дури и подлабока емоционална интелигенција, односно суперлуѓето би можеле да изразат многу повеќе и посложени емоции отколку што ние можеме денес. Исто така, тие би можеле многу подлабоко да навлезат во музиката што ја слушаат или пак уметничката слика што ја гледаат.

Сепак, многу други научници и футуристи не се сигурни дали навистина треба да отидеме во оваа насока, поради грижата дека ќе станеме повеќе роботи отколку луѓе. Курцвејл е сигурен дека тоа нема да се случи, односно дека наноботите би можеле само да не подобрат, односно да не направат дури и подобри луѓе… Нешто како Господ вели Курцвејл.

Нанотехнологијата би ни овозможила и многу брзо учење – на пример со примање на наноботите ќе може за супер кратко време да научите некој странски јазик, а тие исто така би можеле да се користат и за многу мозочни болести и оштетувања и тоа уште во наредните 2 до 5 години.

Колку ќе биде во право останува да видиме – иако популарен, Реј не е познат како добар прогнозер, односно неговите предвидувања од минатото се немаат исполнето. Реално, 2030 година е премногу близу и не гледам некаква можност толку брзо да се развие наноботската технологија за да можеме да ја искористиме на тој начин.

Како и да е, наредната еволуција на човекот сигурно ќе биде во некаков начин на подобрување на нашите можности, било дали се работи за нано роботска технологија или пак за подобрувања во нашите гени. Колку и да делува мрачно ова сценарио, тоа скоро сигурно ќе биде дел од нашата иднина.

terminator-arnold-as-terminator__131206182643

На крајот на краиштата, што се нашите паметни телефони ако не уреди кои ги подобруваат нашите можности и знаење? Замислете истите можности што тие ги имаат, како на пример брзо пребарување на интернет мрежата, да ги имате во вашиот мозок… Ние уште отсега сме на еден начин киборзи – технологијата е длабоко навлезена во начинот на кој функционираме секојдневно и тоа само ќе се продлабочува во иднина.

Извор: Huffington Post, YouTube

Претходна статијаГерманските власти сметаат дека Тесла не треба да го користи терминот Автопилот
Следна статијаНов e-ink дисплеј во боја ќе овозможи 10 пати подолго траење на батеријата на смартфоните