Фото: Phys.org
IBM
Фото: Phys.org

Според предвидувањата на еден од постарите изумители од компанијата IBM, сценаријата од филмовите кои се занимаваат со научна фантастика е најмногу 20 години оддалечена од денешницата. Нано машини и вештачка интелигенција ќе станат дел од човечкиот организам со цел да ги подобрат неговите перформанси и издржливост.

Џон МекНамара смета дека за период од две децении технологијата и човековиот организам ќе функционираат како едно. Ваквата фузија ќе доведе до значајни исчекорувања од она на што денес е способен човекот, во физичка и психичка смисла.

Од ова се очекуваат огромни медицински бенефити. Заздравување на мускулно ткиво, коски или клетки ќе биде задача за нано машините. Покрај тоа, капацитетот на обработка на информации и податоци ќе ја зголеми мисловната моќ на луѓето.

Добар дел од компаниите кои се предводници во технолошката индустрија веќе вложуваат во развој на ова поле. Резултатите од напредокот секако се чуваат далеку од очите на јавноста бидејќи ова е се уште пресензитивна тема. Комерцијална употреба на сите сегменти од технологијата познати на човекот би предизвикале тектонски поместувања во општеството. Јасно е дека таквите нагли промени никому не му одат во прилог.

Извори: The Telegraph, Express

Претходна статијаКула Analemma би се градела на 5.000 км од земјата
Следна статијаПаметен билборд ја таргетира својата публика според автомобилот