Gangnam Style од корејскиот Psy стана вистински хит во светот пред 5 години, односно 2012 кога спотот беше поставен на YouTube. Ова видео, од оваа заразна песна, а и спот, брзо стана најгледаното видео на мрежата. Од YouTube дури мораа да го променат начинот на прикажување на прегледите на видеата, за да може да се прикаже огромната бројка која успеа да ја постигне ова видео.

До денес, Gangnam Style им 2.898.905.049 прегледи на видеото, но од овој месец тоа веќе не е доволно за да го задржи своето прво место кое го држи веќе 5 години.

Тоа значи дека на  видеото „Wiz Khalifa – See You Again ft. Charlie Puth [Official Video] Furious 7 Soundtrack“ му успеа нешто што на ниту едно друго видео не можеше да му успее изминатите 5 години.

Ова видео моментално има 2.914.035.403 прегледи на YouTube што го става на првото место, пред Gangnam Style.

Мене лично Gangnam Style повеќе ми се допаѓа, интересно е и нестандардно, додека See You Again е класична љубовна песна. Јасно беше дека првото место некогаш мораше да биде преземено од друго видео, меѓутоа се надевав дека ќе биде од нешто слично интересно како Gangnam Style.

Како и да е, вкус си е вкус, па погледнете го моментално најгледаното видео на YouTube во продолжение, па сами оценете колку ви се допаѓа.

Извор: Mashable, BBC

Претходна статијаSharp ќе претстави два нови смартфони без рамка околу дисплејот
Следна статијаВо ноември 2017 ќе се одржи шестото издание на „Самит Македонија 2025“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.