Отсега, не само што ќе треба да ги прифатиме кинеските производители како вистински натпреварувачи во високите класи, туку треба да им оддадеме и почит за иновациите. Mi Mix е најдобриот телефон ан Xiaomi досега, кој според првите фотографии е и најимпресивниот смартфон лансиран досега, воопшто. Причината за тоа? Нема рамка околу дисплејот.

Многумина ќе помислат дека ова и не е премногу важно, но тука апсолутно не би се сложил. Тргнувањето на рамката дозволува вградување на многу поголем дисплеј во помало пакување. Во случајот на Mi Mix се работи за импресивно голем 6,4 инчен дисплеј, но кој е вграден во телефон со слична големина на iPhone 7 Plus и Galaxy Note 7.

xiaomi-mi-mix-2

Всушност, доколку ги погледнеме Mi Mix и iPhone 7 Plus еден до друг, јасно станува кој телефон изгледа поимпресивно (бидете искрени Apple фанови). Додека Apple остана на супер големата рамка околу дисплејот и во новата генерација, останатите производители почнаа значително да ги намалуваат димензиите на своите телефони, а Mi Mix е најдобар пример за тоа, бидејќи скоро и да нема рамка одоколу. Исклучителниот дизајн е надополнет со заоблените рабови, кои му даваат исклучително футуристички изглед на Mi Mix.

iphone7mockupantennabands

За да ги постигне овој дизајн, Xiaomi има вградено прилично многу иновации. Имено, бидејќи во горниот дел нема место за звучник за правење повици, него ќе го замени ќерамичката рамка, која со вибрирање ќе произведува звук. Исто така, наместо сензорот за доближување кој го гаси екранот кога ќе го ставите до лицето, вграден е сензор со ултразвук, додека предната камера е вградена во долниот дел, кој е единствен кој делува како од некој од актуелните телефони.

mi_mix_03-0-copy

Mi Mix ќе има и исклучително моќни спецификации – Snapdragon 821 процесор, избор на модел со 4 GB рам и 128 GB простор или 6 GB рам и 256 GB простор, 6,4 инчен дисплеј со Quad HD резолуција, голема батерија од 4.400 mAh и специјален аудио засилувач за квалитетно аудио преку излезот за 3,5 mm (Apple нема ниту вградено таков во 7-ките бидејќи кхм, немало место). Камерите се исто така прилично солидни – назад 16 мегапиксели и напред 5 мегапиксели.

xiaomi-mi-mix

Телефонот е целосно изработен од керамика, што е освежување од плејадата на алуминиумски телефони и добар начин Xiaomi да се дистанцира од конкуренцијата која прилично многу личи една на друга. Ова е апсолутно телефон кој ќе се издвојува од конкуренцијата и кој сигурен сум дека ќе привлекува многу погледи од случајните минувачи.

Она што е најимпресивно се цените – моделот со 4/128 GB во Кина чини само 516 долари, додека моделот со 6/256 GB чини 590 долари. Да, ова се и натаму многу пари за телефон, но цената е многу пониска од таа на етаблираните конкуренти, кои сега и немаат многу адути со кои ќе ја оправдаат повисоката цена.

mi_mix_07-0-copy

Xiaomi Mi Mix е сѐ уште во концептна фаза, но ќе биде лансиран веќе наредниот месец на кинескиот пазар. Подоцна би требало да следува и лансирање на другите светски пазари, меѓу кои се надевам ќе биде и нашиот.Бидејќи, искрено, уште веднаш би сакал да го имам.

2016xiaomi-mi-mix-edjt

Извор: The Verge, Android Central, Engadget

Претходна статијаDTEK60 е најмоќниот телефон на Blackberry досега
Следна статијаУСАИД им помага на микро и малите бизниси да растат и да се прошират на нови пазари