Во модерно време секој ден е се потешко и потешко да се најде совршената алатка за сечија професија, хоби и вкус. Поради тоа полека се наметнува потребата за перфектниот телефон. Модерните телефони покрај тоа што можат да се пофалат со одлични перформанси и феноменални функции тие сепак се жртви на нештата кои се најсекојдневни. Телефоните на секого му паѓаат или се потопуваат во вода и со тоа престануваат да работат. Поради тоа повеќето луѓе ги пазат како да се најскапоценото нешто што го поседуваат и во моменти кога тие се најпотребни, во ситуации кога се возите со параглајдер, на мотор, на велосипед или гасите пожар, кога на терен се справувате со најлошото време, кога мобилниот телефон е најпотребен за комуникација и координација тој е нефункционален. Тогаш најмалку се потребни брзите перформанси и бројни функционалности, во тие моменти телефонот треба да биде алатка што ќе овозможи работење и решавање на проблемите. Со напредокот на технологијата почнуваат се почесто да се произведуваат смартфони кои можат да издржат паѓање од одредена височина на разни површини, да бидат потопени во вода и да се отпорни на прашина и песок. Таков телефон е Vivax PRO 1 кој со својот IP68 сертификат исполнува безброј барања за секаков вид на обврски и секаков тип на луѓе.

Спортисти и ентузијасти:

Телефоните се витален дел од спортувањето без разлика дали тоа е бордање, летање со параглајдер, возење мотори на крос патеки, трчање, скијање, возење велосипед и бројни други активности. Што и да е тоа што ги води овие спортисти секогаш постои нешто што фали за нивно безгрижно уживање. Vivax PRO 1 го овозможува тоа уживање. Со овој телефон спортистите нема потреба да се грижат дали телефонот ќе им падне или ќе се потопи и можат целосно да се фокусираат на целта.

Градежници:

Без разлика дали водоинсталатер, електричар или возач на кран Vivax PRO 1 е најдобриот вид на телефон кој може да го има еден градежник. Со својот IP68 рејтинг телефонот е отпорен на потопување на длабочина од 1 метар и е заштитен од прашина. Vivax PRO 1 е направен од специјална рамка од магнезиум и во истата има воздушни перничиња кои го штитат телефонот од паѓање. Кога овие луѓе се целодневно активни и во движење овој телефон е најдобриот начин и алатка за координација и комуникација затоа што е повеќе отпорен од обичните смартфони, а ги има сите потребни функции.

Одбрана и јавна безбедност:

Постојат еден вид на луѓе кои секојдневно се на терен и кои даваат се од себе да се грижат за безбедноста на граѓаните. Тие неретко се жртвуваат бранејќи ги луѓето од пожари, од невреме и други несакани непогоди. Ситуациите во кои тие се наоѓаат налагаат да користат телефон како Vivax PRO 1 кој во најнеочекуваните ситуации, кога им е најмногу потребно, можат да го искористат затоа што телефонот може да издржи во многу ситуации и да се има таков телефон во таков несакан момент тој ќе е совршената алатка за координација и комуникација на терен.

Vivax PRO 1 се совршениот телефон за тие кои се имаат неуморен дух, активна работа и безгранична храброст и кои не можат да си ја дозволат грижата за еден продукт кој им е потребен во секој момент. Тој е телефон со сите предности на класичните смартфони и има голема издржливост и функционалност. Како што беше претходно посочено, најголемата предност е IP68 сертификатот. Првата бројка го посочува нивото на заштита кој го има телефонот од прашина, кал и други нечистотии, додека бројката 8 значи дека мобилниот може да биде потопен на длабочина од 1 метро до пола час. Vivax PRO 1 има рамка од специјален магнезиум кој е цврст и издржлив и кој во тандем со воздушните перничиња вметнати во самата рамка го прават мобилниот отпорен на повеќекратни удари и паѓања. Екранот е со големина од 5 инчи и е заштитено од посебно отпорно стакло на Guerilla Glass. Батеријата има 5.000 mAh што гарантира одредена автономија во сите услови на користење. Покрај сите овие придобивки Vivax PRO 1 има и Android 7.0 оперативен систем, Quad core процесор од 1.3 GHz, 8GB ROM/ 1GB RAM и можност да се зголеми меморијата со картица. Телефонот е со уникатен дизајн и две камери, задна со 8MP и предна со 2MP.

За детално разгледување на Vivax PRO 1 може да се посетат продажните партнери на Vivax и истиот може да се набави по препорачана цена од производителот од само 7.999 денари. Вистински телефон со безброј можност и со пристапна цена. За повеќе информации може да се проследи следниот линк од Фејсбук страната на Vivax Македонија,

https://www.facebook.com/VivaxMacedonia/?fref=t

Претходна статијаHuawei: ќе мора да почекате уште еден месец за вистински AI-телефон
Следна статијаШто може да се очекува од Galaxy S9?