surface-phone-1-100577980-large

Веќе неколку пати зборувавме за новиот Surface Phone на Microsoft, кој би требалo буквално да го спаси Windows 10 Mobile, а сега добиваме и нешто како потврда дека дефинитивно ќе го видиме на пазарот.

Windows 10 Mobile дефинитивно имаше трнлив старт со Lumia 950, 950 XL и 550. И покрај напредните новитети како скенерот за зеницата на очите и Continuum, купувачите очекуваа нешто многу поголемо, односно вистински конкуренти на најдобрите Android телефони и iPhone, особено во поглед на надворешната изработка.

Но, сите кои малку подлабоко ги следат работите во светот на Windows, знаат дека телефонот кој ќе треба да ја задоволи имагинацијата на фановите е Surface Phone. Според информациите, овој телефон ќе има Intel Atom процесор, со помош на кој ќе може да „пушта“ и стандардни Windows програми, што е особено корисно со опцијата Continuum, која овозможува користење на телефонот како целосен десктоп компјутер. Сепак, има и информации кои велат дека телефонот би можел да има Snapdragon 820 процесор.

Ваквиот телефон веќе и со сигурност ќе го видиме наредната година. Имено, Крис Капосела, маркетинг директор во Microsoft, веќе и на некој начин го најави телефонот во интервју за Windows Weekly: „Ни треба нешто налик на спиритуален еквивалент на телефон кој не изгледа како да е направен само за Windows фановите. Ќе треба да биде телефон кој ќе предизвика “Wow, ова е вистински шок и вистински пробив на сцената, кој ќе ме натера да размислам пред да го купам 17-тиот iPhone” и ни треба време за да може да го направиме.“

Изјавата дефинитивно најавува дека Microsoft работи на ваков телефон и според тоа како Капосела го најавува, можеме конечно да очекуваме Windows Mobile уред кој ќе биде вистински посакуван. Голема надеж дека телефонот ќе биде вистински добар е што и на него работи Surface тимот, кој годинава направи вистински бум со Surface Book, но и подобрениот Surface Pro 4.

Извор: WinBeta, Neowin, Geekwire

Претходна статијаYahoo ќе ги известува своите корисници за можни напади од страна на властите
Следна статијаHOM-BOT Turbo+ е роботот-чистач за вашиот дом