Иако Windows 10 Mobile се уште е неколку месеци од финалната изведба, уште од сега знаеме кои Lumia телефони ќе ја добијат надградбата. Некои популарни модели се пропуштени, но и тие нема да бидат изоставени, односно надградбата ќе ја добијат подоцна.
Евидентно е дека сите паметни телефони од листата имаат 1 GB рам меморија, што значи дека оние што имаат 512 MB, покасно ќе бидат надградени, меѓу кои и популарните модели како Lumia 520, 630 и 635. Интересно, изоставен е и Lumia 1520, таблет/телефонот од високата класа кој има 2 GB рам меморија, но и за него ќе пристигне надргадба во понатамошниот период.
За да можете да добиете надградба, мора да имате инсталирано Lumia Denim надградба (Windows Phone 8.1) на вашиот Lumia телефон.
Еве ја и целосната листа на модели кои ќе добијат Windows 10 Mobile веднаш откако ќе биде достапен:
• Lumia 430
• Lumia 435
• Lumia 532
• Lumia 535
• Lumia 540
• Lumia 640
• Lumia 640 XL
• Lumia 735
• Lumia 830
• Lumia 930
Засега нема информации за тоа кои други марки и модели на телефони ќе добијат надградба, како на пример оние од HTC, Samsung и кинеските и индиските производители. Сепак, според Microsoft, сите овие модели технички ќе можат да бидат надградени и можеме да очекуваме поголем процент од нив да добијат Windows 10 Mobile.
Главна карактеристика на новиот Windows за паметните телефони е тоа што ќе ги дели истите апликации со другите верзии на оперативниот систем, што би требало да го покачи нивниот број.
Со лансирањето на Windows 10 Mobile ќе пристигнат и два нови уреди од високата класа, Lumia 950 и 950 XL, кои ќе донесат и неколку хардверски новитети, како читач за ирисот (шареницата) на окото, но и Continuum можност, со која на поголем монитор, телефонот ќе може да се користи како целосен десктоп Windows 10 компјутер, со мауст и тастатура.
Извор: Windows Central, Neowin