Apple-iPhone-7-release-date

Една од неофицијалните информации кои излегоа последниов период, а поврзани со наредната генерација од iPhone, говореа дека седмицата нема да вклучува некои позначајни новини во споредба со актуелните модели. Apple наводно планира да воведува поголеми новини на секои три, наместо две години. Оваа информација во главно се однесуваше на дизајнот на уредите, па тоа значи дека би требало да се очекуваат новини во другите области.

Според се’ уште неофицијални информации кои доаѓаат од @OnLeaks, iPhone 7 треба да има поголема батерија, нешто за што од Apple беа критикувани во актуелните модели кои дојдоа со помала батерија.

Актуелните модели сепак немаат помало траење на батеријата, поради новите чипови и оптимизации на оперативниот систем, а намалувањето на батеријата беше од 1.810 на 1750 mAh кај помалиот модел.

Според неофицијалните информации, iPhone 7 ќе дојде со 14% поголема батерија, со што истата треба да има капацитет од 1.960 mAh. Кога на ова ќе се додаде новиот чип кој ќе биде дел од новиот iPhone, како и iOS 10, корисниците би требало да бидат задоволни.

Информации за поголемиот модел нема, меѓутоа тој и така има поголема батерија, па критиките за него не се толку чести. Како и да е, доколку и Plus моделот добие зголемување на батеријата, iPhone ќе овозможи значително подобро корисничко искуство.

Извор: Forbes

Претходна статијаКако да користите „две нивоа на верификација“ за подобра заштита на вашите онлајн сметки?
Следна статијаFacebook Instant Articles стануваат достапни и на Messenger
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.