Huawei продолжува да лансира нови смартфони со исклучително брзо темпо – сега тие ја освежуваат и Nova серијата, која добива два нови модели – Nova 2 и Nova 2 Plus. Однадвор овие телефони неодоливо потсетуваат на iPhone 7 Plus и на Huawei P10, а имаат и доволно адути и можности за во својот план за нареден смартфон ги имаат и оние кои бараат максимално опремен смартфон.

Двата модели, како и скоро секој друг обичен и Plus модел се разликуваат во големината. Обичниот тука има 5 инчи и Full HD резолуција, додека Plus моделот има 5,5 инчи и Full HD резолуција. Нормално, разлика има и во батериите – 2.950 наспроти 3.340 mAh, а поголемиот модел доаѓа и со повеќе вграден простор од 128 GB, наспроти 64 GB.

Останатите компоненти се целосно исти. Процесорот е новиот Kirin 659 од средната класа, помогнат од 4 GB рам меморија, задните камери се двојни и комбинација на 12 со 8 мегапиксели, од кои едната ќе се користи како „оптички зум“ исто како кај iPhone 7 Plus, додека предната камера има дури 20 мегапиксели, што е одлична вест за селфи зависниците.

Однадвор и двата модели имаат одлична, луксузна изработка од метал и стакло, со дизајн кој неодоливо потсетува на iPhone 7 Plus, особено во делот на антените кои се закривени кон самиот раб на телото. Нормално, како и скоро секој смартфон на Huawei и овој има читач за отпечатоци на прсти вграден во задниот дел.

Според сето ова погоре, Nova 2 и Nova 2 Plus можат да бидат интересен избор за прилично широк дијапазон на публика, за што улога ќе игра и цената, која во Кина изнесува 365 долари за помалиот, односно 420 долари за поголемиот модел. Да, ова не е малку за еден смартфон, но новите Nova 2 модели се навистина добро опремени и прилично конкурентни во својата класа.

Извор: Android Police, XDA, Ubergizmo

Претходна статијаInTech MeetUp #3 на 6 јуни во АБЦ Кафе Бар
Следна статијаВознијак: наредната голема работа во технологијата нема да биде од Apple