Новиот смартфон од високата класа на HTC, чија главна одлика е ултра сјајниот изглед на школката, не помина особено добро на рецензиите кај колегите од западните земји. Едноставно, не нуди ништо ново (во многу функционалности заостанува зад конкурентите, а со вториот дисплеј горе го копира LG V20) и е преголем телефон, со многу голема рамка околу дисплејот. Вклучително на тоа, цената е извонредно високи 750 долари. Ова сепак не го спречи HTC да претстави уште поскапа верзија со сафирно стакло, која чини енормно високи 920 долари.

И сафирното стакло е единствената надворешна разлика во однос на обичниот модел. Ова стакло е делумно потврдо со поголема површинска цврстина, што значи дека потешко ќе се изгребе, но тоа не значи дека нема да пукне доколку ви падне на земја. Овој модел е опремен и со 128 GB простор, наместо со 64 GB на „обичниот“ модел, но сѐ останато е подеднакво, вклучувајќи го сјајниот огледало финиш на задниот дел.

Всушност, HTC U Ultra со сафирен дисплеј е изненадувањето кое ни го најави производителот пред неколку денови. Доколку тие на ова сметаат за изненадување и не им се пишува многу добро, а тоа особено важи за мобилната дивизија. Она што им треба е смартфон кој ќе се дистанцира од конкуренцијата и кој ќе донесе нешто ново, нешто што го немаат конкурентите, како што тоа беше случај со HTC One M7 и M8.

За среќа, овој модел веројатно ќе се нуди само на домашниот пазар во Тајван, бидејќи сигурен сум дека ќе поминеше незабележан кај нас, исто како и обичниот U Ultra.

Извор: TechnoBuffalo, GSMArena, The Verge

Претходна статијаQualcomm 205 Mobile Platform донесува 4G кај супер евтините мобилни телефони
Следна статија2017 Honda Clarity спремен да го освојува светот