Своевремено најпознатиот производител на Android смартфони, станува се потивок во претставувањето на нови модели, иако лани направија голема фама пред да ја лансираат 10-ката. Сега дојде време за нов модел, кој веројатно ќе биде наследник на HTC 10 и за кој немаме особено многу информации, но кој би можел да биде претставен и покасно.

Имено, најавата на HTC е дека на 20 март ќе има изненадување, а претставување на наследник на HTC 10 и не е изненадување – знаеме дека наскоро ќе ни биде покажан (веројатно во арил, како и 10-ката). Како и да е, може да се работи за нова стратегија на производителот, кој последниве неколку години не може да се наметне на пазарот, иако има одлични паметни телефони во своето портфолио.

За мене повеќе очекувано е HTC да претстави некој нов тип на производ или пак новитет во светот на виртуелната реалност, како на пример наследник на HTC Vive уредот или пак некој паметен телефон од средната класа, односно нова пролетна боја за HTC U Ultra, што за мене е помалку очекувано. Најавата не открива многу, па затоа и вака шпекулирам, особено што HTC навистина и знае да изненади последниве неколку години со навлегување во сегменти во кои не учествувале дотогаш.

Најавата беше инаку поставена на Тајванската Facebook страна на HTC, каде има слика “Spring is coming”, што значи пролетта доаѓа, со појаснување подолу дека HTC спрема неочекувано изненадување.

Извор: The Next Web, TechnoBuffalo, PhoneArena

Претходна статијаОтворена 126-тата бензинска станица на Макпетрол АД
Следна статијаVisa сака да ги користите вашите очила за сонце за бесконтактно плаќање