galaxy-s8

Се чини дека секојдневно добиваме нови „протечени“ информации за Galaxy S8 на Samsung, кој се чини ќе биде најважниот паметен телефон во нивната историја, бидејќи треба да ја покрие дупката направена со Note 7. Најновата информација вели дека S8 ќе има дисплеј осетлив на различен притисок, ист како 3D Touch кај iPhone.

Ова е една од можностите во новиот Galaxy која и нема да биде толку револуционерна, барем не како што сме навикнале од Samsung досега. Ваква технологија не само што има во iPhone, туку има и во Huawei Mate S, кој интересно ја користи токму технологијата на Samsung и беше прв смартфон со таков дисплеј, па дури и во BLU Pure XR. Сепак, очекувам Samsung да го вгради најдобриот ваков систем досега и да овозможи тој да има повеќе можности отколку тие на конкурентите.

Покрај дисплејот осетлив на притисок, S8 треба да донесе и многу други подобрувања. На пример, дисплеите веројатно повторно ќе пораснат – се најавува големина од 5,7 инчи за помалиот и 6,2 инчи за поголемиот модел. Исто така, сега и двата модели ќе имаат Edge дисплеј, а има најави и за 4K резолуција, која ќе овозможи исклучително VR искуство кога ќе се искомбинира со Gear VR.

Нормално е да се очекува и подобрување во камерата и секако побрз процесор (најверојатно Snapdragon 830 и нов Exynos на Samsung, зависно од моделот), а скоро сигурно рамката околу дисплеите ќе биде многу мала, како кај Xiaomi Mi Mix.Исто така, Samsung развива нов дигитален асистент, пандан на Google Now (Assistant), Siri и Cortana, кој би требало да биде најдобар на пазарот.

Како и да е, новите Galaxy S8 дефинитивно ќе бидат голем скок напред и повторно ќе направат вистинска мешаница на пазарот на паметни телефони. Нивното лансирање го очекуваме во Март или Април наредната година.

Извор: The Next Web, Android Central, BGR

Претходна статијаРезервирај.мк од денес е вашиот партнер за лесни резервации
Следна статијаSkype овозможи користење на сервисот без потреба од сметка