q_100

Американскиот производител од Miami редовно изненадува со уреди кои имаат ниска цена, модерен дизајн и одлични спецификации. Најновиот уред во нивниот арсенал има и 3D Touch, ист каков што имаат iPhone 6S и 6S Plus, што го прави еден од ретките уреди со Android кои имаат ваква можност.

Самиот телефон има прилично моќни спецификации. Дисплејот има големина од 5,5 инчи и Full HD резолуција и е SuperAMOLED, што значи дека може да се очекува висок контраст и длабоки бои. Од тоа што можеме да го видиме на фотографиите, тој е и делумно заоблен на страните, но не како кај “Edge” телефоните на Samsung. Процесорот е MediaTek Helio P10 со осум јадра, од кои помоќните четири работат на 2.0 Ghz и истиот е конкурентен на чиповите од високата класа од претходната година.

Captur

Тука е помогнат од 4 GB рам меморија и 64 GB простор, со можност за проширување преку micro SD картичка. Потоа, Pure XR има и солидна камера со 16 мегапиксели во задниот дел, како и предна селфи камера со 8 мегапиксели. Како и скоро секој Android телефон денес и Pure XR има читач за отпечатоци, но за разлика од другите нивни модели, овој е вграден во хардверското “Home” копче во предниот дел. Сето ова ќе го напојува батерија од солидни 3.000 mAh, која ќе се полни преку USB Type-C порта со брзо полнење.

Cature

Адут против Android конкуренцијата ќе биде и 3D Touch системот, кој функционира исто како кај iPhone, односно го препознава притисокот со кој го допирате дисплејот. Сето ова звучи супер, но во моментов и нема многу Android апликации кои се оптимизирани за вакво користење – за тоа веројатно ќе треба да почекаме големите играчи како Samsung да ја вградат оваа опција во нивните паметни телефони.

Capture

BLU Pure XR има цена од 300 долари, што е навистина поволно за телефон со вакви спецификации, особено што има и солидна изработка со алуминиумска рамка околу телефонот. Да се надеваме дека ќе биде достапен и кај нас.

Извор: Engadget, Digital Trends, Pocketnow

Претходна статијаSamsung го унапредува доживувањето на 4К забавната содржина
Следна статијаGalaxy Folder 2 е нов паметен телефон на преклоп од Samsung