Со оглед на начинот на функционирање во денешно време, огромен дел од малициозните датотеки се пуштаат на корисниците преку веб страните. Истото се прави преку отворање на малициозна страна, а за да корисникот тоа го направи, често се пуштаат реклами до тие страни.
Според истражувањата, а и очекувано, првото место според таргетирањето го држи Windows, со 61% од малициозните реклами пуштени за оваа платформа. Ова секако воопшто не чуди, со оглед на процентот на пазарот којшто го има Windows, но може да се каже дека второто место е до некаде за изненадување.
Второто место не го држи macOS на Apple или некоја од двете најголеми мобилни платформи. Второто место го држи ChromeOS oд Google, оперативниот систем кој во главно се користи на поевтини уреди во образовните институции и слично.
ChromeOS е таргетиран од страна на 22,5% од малициозните реклами, а последното место со само 0,3% го има Linux.
За Linux не е чудно кога ќе се земе во предвид дека, покрај тоа што голем дел од Linux уредите се сервери, но и корисниците кои се на оваа платформа обично се програмери или слично, па јасно е дека нивното таргетирање на би поминало како кај обичните корисници.
iOS и Android имаат 3,2 и 2,1% соодветно, додека macOS е таргетиран од страна на 10,5% од малициозните реклами.
Ова истражување, иако сметаме дека прилично реално ја отсликува реалноста, сепак треба да се земе во предвид дека е направено на одредена бројка на уреди, па како и секое истражување, треба многу повеќе детали да ги знаеме за да можеме да знаеме до кој степен е точно.