Karen Zhao на Unsplash

Информацијата на која „налетавме“ не се однесува на Македонија, можеби поради тоа што сепак сме доволно мала земја за да може да се направи доволно „штета“ на овој начин, но сепак ги пренесува состојбите и кај нас.

Кратко кажано и покрај преземените мерки на повеќе власти во светот, покрај достапноста на нови начини за легално преземање на содржина од интернет, достапноста на пиратската содржина не се намалува и се’ уште претставува проблем, во главно за американските компании кои заработуваат од истата.

Од ова во главно се погодени компании од САД поради популарноста на филмовите и музиката кои најчесто доаѓаат од оваа земја.

Информациите говорат дека пиратска содржина се прави од DVD и Blue-Ray дискови, но како што би очекувале, главната пиратерија се наоѓа онлајн. Интересно, се’ уште е актуелно снимањето на филмови во кино, па пуштање на истите на пиратските страни, нешто што во денешно време и денешната технологија може да се направи многу поквалитетно од порано.

Исто така, сериозен проблем за компаниите се и популарните сервиси кои овозможуваат нелегален стриминг на содржина за која се наплаќа, а сигурно во нашата земја тоа е познато доста за гледање филмови и спортски настани.

Во основа, нема нешто што е достапно онлајн, а е популарно, да не е предмет на пиратерија. Еден таков пример е и Netflix, сервис кој е достапен скоро во целиот свет, месечната цена не е нешто посебно висока, па пак корисниците се одлучуваат на симнување на пиратски верзии од ексклузивните филмови и серии достапни на овој сервис.

ИЗВОР 2Deadline
Претходна статијаYouTube канали што треба да ги следите (КОМЕДИЈА)
Следна статијаГоце Симоноски: “Едно“ е обид да се одговори на сите оние прашања кои ние како деца сме имале смелост да ги поставуваме
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.