Сигурно повеќето од вас го користат најпознатиот сервис од овој вид, Google Maps, за пронаоѓање на локации во светот, но и за негово разгледување. Исто така, сигурно имате забележано дека за разлика од Google Earth, кога ќе ја „одзумирате“ мапата, светот е прикажан во рамен формат, наместо во реалната „топка“.

Од оваа недела, Google Maps на десктоп, односно на веб страната од сервисот, Земјата ќе биде прикажувана како топка, односно во форма на глобус, со што се добива реален приказ на планетата.

Причината за оваа промена е поточно и пореално прикажување на Земјата, нешто што досега правеше одредени „проблеми“, како на пример, Гренланд изгледаше како да е со иста големина со Африканскиот континент.

Mercator Projection е наречен начинот на приказ на Земјата досега, а бил користен со цел подобро прикажување на улиците во градовите кога истите ќе бидат одзумирани до одреден степен. Сепак, од Google се решаваат за поточниот приказ, па сега Земјата можеме да ја гледаме точно како што е.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Cnet
Претходна статијаОдложено прекинувањето на старата верзија од Skype на неодредено време
Следна статијаFacebook Dating е во фаза на тестирање помеѓу вработените
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.