Google Chromecast, во случај да не сте целосно запознаени, е еден мал и навистина корисен уред од Google кој се поврзува на вашиот телевизор. Потоа, преку овој уред можете да пуштате работи од вашиот мобилен и други уреди, како на пример, Netflix, YouTube и многу други. Овој уред е посебно корисен доколку немате понов телевизор со сите апликации или истите не се баш во најнова верзија.

Овој уред уште пред 5 години е откриено дека има одреден безбедносен пропуст, па во погодна ситуација, хакери можат да добијат пристап до истиот, а со тоа и до одреден информации. Па така, хакери може да пристапат до уредите кои се поврзани на Chromecast, да пуштаат содржина без дозвола од корисниците и слично.

Поради тоа што од Google до денес го немаат средено овој пропуст, група на хакери имаат пристапено до илјадници Chromecast уреди и на нив имаат пуштено “попап” известување за слабата безбедност на уредот.

Уште поинтересно, тие имаат пуштано видеа од познатиот PewDiePie, што не е прв случај оваа група да го промовира “јутјуберот”.

Ова е еден од многуте примери за тоа што значи поврзаноста во денешно време на интернет. Отворени сме на нарушување на нашата приватност, која некогаш е безопасна, меѓутоа во некои ситуации може сериозно да биде злоупотребена.

ИЗВОРThe Hacker News
Претходна статијаНовите екрани на Samsung за 2019 година дизајнирани за модерни работни средини и напредно “гејминг“ искуство
Следна статијаДенеска започнува CES 2019, а веќе можевме да ги видиме едни од најдобрите работи кои ќе бидат изложени на настанот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.