Shutterstock.com

Најверјатно чиателите на Смартпортал веќе се свесни дека САД нешто се настрви на Huawei. Прво, САД усвои забрана американските државни институции да ја користат опремата на Huawei; потоа почнаа да вршат притисок врз сојузниците да го сторат истото; за на крај Канада да го уапси Генералниот финансиски директор на Huawei, Менг Ванжу (инаку ќерка на основачот на Huawei) по меѓународна потерница на САД и да спрема нејзина екстрадиција. САД сака да ја суди Ванжу за наводна измама со која се заобиколувале санкциите на САД против Иран (додека била член на бордот на компанијата Skycom во периодот 2009-2014).

За што навистина станува збор?

1 – Ставот на САД

Ставот на САД е стратешки – не смее да се дозволи на кинески компании да бидат главни играчи во воспоставување на 5г мрежата. Која и да земја има контрола врз 5г мрежата ќе се стекне со сериозна економска, технолошка и безбедносна предност. А според очекувањата, 5г мрежата ќе биде инфраструктурата на која ќе функционира скоро цела економија во иднина.

Особено, земја како Кина каде што не владеат демократски стандарди и фирмите се под голема контрола на комунистичката партија, многу лесно може да бидат инволвирани во меѓудржавна шпионажа. Ризикот кон националната безбедноста за останатите земји е огромен.

Во една прилика САД ги предупредува Германија на следново:

under Chinese legislation, Chinese companies could be compelled to assist their country’s vast security apparatus without any democratic checks and balances, and that it would be impossible to mitigate that risk… the code running on 5G equipment would need frequent updates and was so complex that the potential for so-called backdoors and other system vulnerabilities couldn’t be ruled out even if Huawei were to let regulators regularly inspect its software.

Сепак, засега, САД нема посериозен доказ против Хуавеи.

2 – Што викаат Хуавеи и кинезите?

Разбирливо, Кина ги негира сите овие обвинувања и го возвраќа ударот колку може (пр. зароби тројца канаѓани откако Канада го уапси финансовиот директор на Хуавеи).

Хуавеи е на сличен став – основачот изјави дека секогаш ќе биде верен на комунистичката партија, но никогаш не би превземал активност која може да наштети на друга држава. Но, дел од директорите во Хуавеи одат чекор понатака. Дел од нив тврдат дека ако Хуавеи контролира дел од 5г мрежата низ светот токму на САД ќе им биде потешко да шпионираат кого сакаат, кога сакаат.

Интересен пресврт!


Што навистина се случува? Од она што се обидов да разгледам од разни извори и перспективи, еве што ми изгледа најлогично …

Оксиморон: во светот на политиката, се е политика.

САД води отворена ладна војна со Кина (и потивка со ЕУ). Трамп се служи со секакви алатки да направи притисок врз Кина (и да покаже кој е главен играч) да се согласи на што поголеми отстапки во преговорите. Секако, како што покажува примерот со канаѓаните, Кина може да возврати врз американски директори кои патуваат/живеат во Кина. Работите се вжештуваат.

Хуавеи е одличен случај врз кој може САД да ја изгради својата scare-tactics – веројатноста за сајбер ризик секако не е непостоечка; контролата на 5г мрежата ќе биде од исклучително стратешко значење и ќе ја зацементира светската лидерска позиција на САД за наредни 20-30 години. Stakes are high!

Интересите на Кина се слични. Знае дека лидерството во технологијата ќе и овозможи пробивање на глобалната сцена и сериозно ќе и овозможи да се натпреварува со САД за геостратешко влијание. Ем според многумина имаат и одредена предност во 5г технологијата. Не е голема тајна дека имаат огромно влијание врз било која поголема кинеска корпорација.

Никој не е невин.

Македонија како ли ќе се позиционира?!

Претходна статијаApple TV+ доаѓа од оваа есен со оригинална содржина и најава за сериозна конкуренција на Netflix и другите
Следна статијаApple го претстави Apple Arcade сервисот за игри со претплата
Крипто-ентузијаст и љубител на СФ и хорор стрипови.