Од време на време се појавува некоја серија, филм или песна која посебно не погодува. Не ни се верува како сме ја пропуштиле претходно, како ли сме живееле без да го конзумираме тоа ремек дело?!

За мене, овој момент се случи пред неколку недели кога почнав да ја гледам Final Space (по препорака на Едвард Кардељ Јр.). Final Space е дело на Олан Роџерс (Olan Rodgers), јутјубер кој пред неколку години на својот канал објавува пилот епизода од цртанот Gary Space.

Long story short, таа идеја прераснува во 10 епизодна серија продуцирана од Конан О’Брајен и др. познати лица.

Кога се движел од состанок до состанок, продавајќи ја идејата за сериски цртан, Роџерс не очекувал дека СИТЕ ќе понудат да ги купат правата на прикажување веднаш по состанокот. Токму тоа и се случило, а сега се подготвува и втората сезона.

Што е толку добро во Final Space?

Како прво, има интересен и оригинален хумор. Главниот лик е допадлив (иако на моменти малку досаден со постојаното дерење). Останатите ликови се одлично разработени и си имаат своја приказна која ја следиме низ секоја епизода. Исто така, серијата го има еден од најсимпатичните ликови некогаш развиени (Mooncake).

Креаторите очигледно имале инспирација од повеќе легендарни НФ филмови како 2001: Вселенска одисеја и поновите Moon и Interstellar. Музиката е феноменална и додава на тензичната и драматична атмосфера на моменти. Покрај тоа, серијата изгледа визуелно беспрекорно.

Има драма, и ЕМОЦИИ!

Навистина, за цртан филм, „it packs a serious emotional punch”. Ликови умираат, губат свои блиски, се вљубуваат и страдаат. Иако е блесава по природа, изобилува со вакви моменти кои недостасуваат во другите цртани серии од оваа категорија. Сето тоа е одлично вплотено во приказната и неверојатно добро одглумено од актерите што го позајмуваат својот глас.

Потенцијалот на оваа серија е огромен. Дајте и шанса, нема да зажалите.

 

Претходна статијаMicrosoft ќе овозомжи бришење на поголем број од пред инсталираните апликации во Windows 10
Следна статијаHuawei потврди дека работи на 5G смартфон со екран кој ќе се превиткува