(l to r) Josh Brolin, Jeffrey Donovan and Benicio Del Toro in SICARIO: Day of the Soldado

Кога го гледав Сикарио (2015) бев изненаден од впечатокот кој ми го остави. Филмот ми делуваше на вообичаен клише војнички трилер. Но, знаејќи дека режисер на филмот беше Денис Виланеув (кој ме доби со Prisoners, а воодушеви со Arrival и Blade Runner 2049), му дадов шанса.

Needless to say, Сикарио ми беше еден од омилените филмови што ги гледав таа година. Кога беше објавена информацијата дека ќе се снима втор дел (насловен Sicario: Day of the Soldado), повторно скепса. Овој пат издржана. Ги нема Виланеув, Емили Блант, починатиот композитор Јохан Јохансон, и оскаровецот кинематограф Роџер Дикинс.

Од друга страна, охрабрувачки беше што Бенисио Дел Торо и Џош Бролин останаа како дел од екипата. И повторно се изненадив позитивно.

Добро

Како прво, глумата на главните актери беше феноменална. Со Дел Торо и Бролин не ни може да се очекува поинаков исход. Гиганти од глумци. Акционите сцени беа исто така тензични и возбудливи. Особено остава впечаток една сцена во супермаркет во САД, каде што се случува бомбашки напад. Во еден момент, мајка се обидува да ја спаси својата ќерка во една од најпотресните сцени кои сум ги гледал во последно време.

Не толку добро

Повеќето од работите што ги спомнав претходно важеа и за првиот дел. Меѓутоа, дел од нив беа изведени далеку подобро. Day of the Soldado визуелно изгледаше одлично. Но, првиот дел беше беспрекорен, благодарение на кинематографијата на Роџер Дикинс.

Тешките басови во вториот дел се како кропнати од првиот. Во еден момент се запрашав дали саундтракот од првиот дел бил искористен и за овој. Но, не се жалам, звуците додаваа на тензијата и беа ефективни.

Приказната се фокусира на различни елементи во споредба со првиот дел. Во Солдадо, акцентот е повеќе ставен на влијанието што војната и насилството го има врз децата но и моралната дилема со која се соочуваат оние што се задолжени да ја сочуваат безбедноста на луѓето во своите земји.

Ако првиот дел беше пример за мајсторска кинематографија и режија, вториот е пример за филм примарно воден од приказната.

Sicario: Day of the Soldado е мрачен филм и тежок за гледање. Во време во кое сме навикнати да гледаме суперхеројски блокбастери, ваквите филмови се освежување.

Претходна статијаСе одржува NASA Kids Space Challenge – дел од интернационалниот натпревар NASA Space Apps Challenge
Следна статијаInfinity-V е најновото име на екранот кој Samsung најверојатно ќе го користи во телефонот на превиткување