После скоро три години од претходната сезона и неколку „трејлери и тизери“, Stranger Things 4 конечно е достапна за гледање. Со оглед на тоа што серијата оди на Netflix, тоа значи дека целата нова сезона е веднаш достапна уште од денеска, па секој може да ја изгледа со сопствено темпо.

Ова е една од најпопуларните серии не само на Netflix, па доста „фанови“ со нетрпение чекаа да стане достапна четвртата сезона. Колку од вас имаат и заборавено што се случуваше досега е прашање, но за среќа новата сезона почнува со краток „recap“ од претходната.

Доколку сакате повеќе да се потсетите на целата серија, на YouTube се наоѓаат одлични видеа кои во кратки црти ја раскажуваат целата.

Доколку сте претплатени на Netflix новата сезона од Stranger Things можете да почнете да ја гледате веднаш, а доколку не го користите овој сервис, сигурни сме дека имате начин како да ја симнете.

Претходна статијаПронајди и резервирај летови брзо и едноставно на Petal Search
Следна статијаОдборот на директори на една тутунска компанија е меѓу 25-те најиновативни, според магазинот Fortune
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.