Поминаа две години од последната сезона од една од најпознатите понови серии на Netflix, Stranger Things. Наредната, односно четвртата сезона ќе биде пуштена дури идната година, па од Netflix за да го задржат вниманието на гледачите пуштаат по некој трејлер од време на време.

Најновиот трејлер од оваа недела може да се каже дека е и најинтересен досега, па наместо само мали неповрзани делови од сезоната, ни прикажува нешто што реално привлекува внимание.

Трејлерот исто така не потсетува за колку Stranger Things е страшна и напната серија, нешто што е и една од причините зошто е толку позната.

Во трејлерот прво се прикажува семејство од минатото, но не се знае за кое семејство се работи. Во куќата во која се доселуваат почнуваат да се случуваат чудни работи, а трејлерот завршува со децата од серијата како доаѓаат до истата куќа.

Најновиот трејлер можете да го погледнете во продолжение.

Претходна статијаОбјавени првите неофицијални слики од Galaxy S22 серијата од Samsung
Следна статијаGoogle тврди дека најбараниот термин на Bing пребарувачот е Google
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.