Во обид пред европските судови да биде променета одлуката од 2018 година кога компанијата беше казнета со рекордни 4,34 милијарди евра, Google аргументира дека нивниот пребарувач е изборот на корисниците, односно тие не се насочени или натерани да мораат да го користат.

Како пример за тоа колку нивниот пребарувач е популарен и корисниците избираат да го користат, од Google ја даваат информацијата дека најчесто пребаруваниот термин на конкурентниот пребарувач Bing од Microsoft е „google“.

Секако, ова не можеме да знаеме дали е навистина точно, а не веруваме дека од Microsoft би ја објавиле оваа информација.

„Ние поднесовме докази кои покажуваат дека најчесто пребаруван термин на Bing е Google.“ – истакна Алфонсо Ламадрид кој е адвокат на Alphabet компанијата пред суд на ЕУ во Луксембург.

Во основа Google сака да докаже дека огромната казна која им е изречена од страна на ЕУ е неоснована и дека тие не прават одредени активности со кои ги тераат корисниците да мораат да го користат Google пребарувачот, меѓу другото. Корисниците самите го бираат Google затоа што е најдобар и најпопуларен.

Ова тврдење може да се каже дека е делумно точно, односно дека корисниците најчесто се одлучуваат да го користат Google, но може да се дискутира дали и какви активности имаат преземено од компанијата за да тоа биде случајот.

ИЗВОРGizmodo
ИЗВОР 2Bloomberg
Претходна статијаНајновиот трејлер од Stranger Things 4 не потсетува на страшните и напнати делови од серијата
Следна статијаОслободена од притвор директорката за финансии на Huawei, Менг Вангжоу
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.