Времето на полнење на електричните автомобили претставува еден од најголемите проблеми кои што треба да се решат во блиска иднина. Брзото полнење особено е важно кога станува збор за електричните автобуси од јавниот транспорт. Се чини дека Шведска го има решението. Целосно полнење на батеријата кое што е потребно за да се помине целата рута на автобусот, трае од шест до седум минути. Станува збор за хибрид-електричните автобуси кои се користат за јавен превоз во Стокхолм.

Од друга страна станиците за полнење на овие автобуси, добиваат електрична енергија од обновливи извори што исто така е многу важно. Scania е компанијата која ги произведува овие автобуси. Од таму велат дека постојат повеќе начини за да се наполни батеријата на еден електричен автобус, како на пример преку горниот дел, односно кровот на возилото. Сепак тие се одлучиле тоа да биде скриено под автобусот од естетски причини. Ова е битно и за околината велат од оваа компанија.

Овие автобуси се полнат преку обичен кабел додека не се излезени на патиштата. Потоа на секоја станица каде што слегуваат и се качуваат патници, возачот паркира на точно одредено место. Уред за полнење во форма на кутија се спушта под автобусот речиси додека не ја допре земјата, на овој начин се извршува дополнителното полнење на батеријата.

Шведска планира до 2030 година сите возила во државата да возат на електрична енергија. Овој систем е клучен дел од планот на државата, особено затоа што во иднина може да се примени и за полнење на комерцијални автомобили.

Извор: Fastcoexist, NextCity

Претходна статијаИзлезе првиот трејлер за Alien: Covenant кој ќе ви ги одземе соништата
Следна статијаApple има нов патент за флексибилен смартфон без рамка околу и OLED дисплеј