На почетокот од овој месец Netflix го одржа својот втор настан од двата кои ги одржува годишно, наречен Netflix Hack Day — Fall 2018. На овој настан тие прикажуваат нови работи на коишто работат, па една од нив привлекува посебно внимание.

Искористувајќи ја алатката достапна во поновите iPhone телефони, ARKit, која се користи за Animoji функцијата, како и за Face ID, Netflix прикажа како оваа технологија може да се искористи за навигација на нивната апликација без користење на прстите или гласовни команди.

Поточно, функцијата овозможува точно мапирање на лицето, проценка на неговите изрази, како и движењето на очите. Со помош на ова, од Netflix направија систем кој овозможува нивната апликација да се користи со следење на очите на корисникот. Со тоа апликацијата следи каде точно гледа корисникот, со што може да избере што сака да гледа.

Уште поинтересно, враќањето назад од компанијата го имаат направено да се прави преку покажување на јазикот, па апликацијата се однесува исто како да е притиснато back копчето.

Оваа можност на Netflix апликацијата беше само прикажана, па не е најава за нешто што се спрема и може да се очекува наскоро за сите корисници. Во основа, сепак вакво нешто е замислено повеќе да им користи на корисниците со некаква попреченост, а останатите можат да продолжат да ги користат своите прсти.

ИЗВОРNetflix
ИЗВОР 2Inc
Претходна статијаInstagram почна да покажува колку време поминувате на апликацијата
Следна статијаМакпрогрес Виница започна во своето производство да користи енергија од обновливи извори
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.