Screen-Shot-2016-01-29-at-11.09.42-AM_79545

3D принтерите ги земаат сите насловни страници последниве 2-3 години, но наскоро тоа веројатно ќе се смени – на ред се принтерите со четири димензии. Која е четвртата димензија? Време, секако.

Ние луѓето не сме способни за распознавање на четири просторни димензии – не се ни обидувајте да го замислите тоа. Но, бидејќи времето зависи од просторот и обратно, општо е прифатено дека времето е „четвртата“ димензија. Како функционира кај овие принтери? Едноставно, принтерот прво печати 2D објект, кој со текот на времето се претвора во 3D објект.

Концепт принтерот е на научниците од Универзитетот во Харвард, а во основа се работи за гел со различно поставени целулозни влакна на микро ниво, кои со ставањето во вода, почнуваат да ги менуваат своите димензии. Како објектот ќе се обликува по поставувањето во вода многу зависи од самата поставеност на целулозните влакна и токму тоа е и работата на 4D принтерот.

4d-printing-500x395_210afb1de5b61b234e781ade2c83bf73.nbcnews-ux-2880-1000

Идеја за 4D принтер беше претставена уште пред три години од професорот Скајбар Тибитс на TED конференција и таа содржеше два материјали – еден поцврст и еден помек. Сепак, новиот концепт на проферсорката Џенифер Луис од Харвард е многу поиздржан, бидејќи користи само еден материјал – гел со целулозни влакна и докажано работи – во видеото подолу може да видите како еден 2D материјал се претвора во 3D цвет.

Веројатно досега се запрашавте која е идејата зад 4D печатените објекти, кога 3D принтерите можат да го направат истото без да се чека на времето? На пример, една од главните примени на 3D принтерите се очекува да биде во простетиката и тоа не само за изработка на екстремитети, туку и на цели човечки органи. 4D принтерите би биле поуспешни во решавањето на овој проблем, бидејќи ќе можат полесно да се прилагодат на средината во која се наоѓаат, односно многу ќе бидат многу поблиски до тоа како функционираат вистинските органи.

Ова секако не значи дека вештачките органи ќе бидат достапни уште денес – во моментов ниту 3D принтерите не се подготвени за тоа. Сепак, ваквите истражувања најавуваат светла иднина во борбите со многу болести, макар и што делуваат малку бизарно – вештачко срце неодоливо потсетува на киборзите од Sci-Fi филмовите…

Извор: Inc, NBC News, Forbes

Претходна статијаMicrosoft тестира дата сервер вграден во подморница
Следна статијаWindows 10 ја надмина границата од 10% пазарен удел