Concept art of the Galaxy X by YouTube channel TechConfigurations

Веќе неколку години чекаме на претставување на смартфон којшто ќе има свитлив екран, а тоа посебно важи за Samsung. За уредот од оваа компанија веќе подолго време се шпекулира, а можевме да прочитаме и за неколку патенти кои покажуваат отприлика што може да очекуваме.

Galaxy X е името кое се очекува да го носи ваквиот уред од Samsung, а истиот неофицијално беше најавен за крајот на оваа година. Samsung дури има почнато да прикажува одредени прототипи, неофицијално се разбира, па веќе ја чекаме наредната „револуција“ кај смартфоните.

Сепак, изгледа оваа година нема да видиме ваков уред, не само од Samsung, туку од било кој друг производител. Главната причина за тоа е се’ уште недоволно развиената технологија за да може да се изведат ваквите уреди. Поточно, технологијата за екрани, иако доста напредната, сепак не може да одговори на потребите на еден ваков уред.

Оваа информација доаѓа од Салман Саид, менаџер на производи за технологија за екрани во Qualcomm. Според него, главниот проблем е во транзисторите во екраните кои се’ уште не се доволно флексибилни и не би можеле да издржат превиткување како што би се правело со еден ваков уред.

„Тие (производителите на телефони) ја немаат решено науката за материјалот во овој момент за да може да се произведат електроди кои ќе може да издржат константно превиткување и свиткување“.

Со оглед на фактот што никако ниту еден производител не излегува со најава за ваков производ, најверојатно тврдењата на Саид се точни.

Инаку, кога ќе биде доволно развиена технологијата, овие уреди навистина ќе бидат еден вид на револуција во преносните уреди. Само замислете како вашиот мобилен уред, кој не мора да биде веќе толку голем и да зазема место во џебот, кога ќе ви треба, го отворате и добивате уред со големина на помал таблет.

Ова исто може да се примени и кај таблет компјутерите кои ќе ја менуваат големината зависно од потребата. Јас лично едвај чекам да дојдат ваквите уреди на пазарот, а изгледа ќе треба да чекам уште некоја година.

ИЗВОРForbes
ИЗВОР 2TechRadar
Претходна статијаЈане од EmbedSocial: Нашата платформа брои илјадници корисници
Следна статијаНа првата линија на итната служба
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.