Во документарниот филм, според кој настана оваа серија, Рајан Мекгери следи еден тим од харизматични млади лекари кои ѝ ги посветуваат своите животи на професијата додека истовремено се борат за своите идеали и се справуваат со реалноста од секојдневието во кое спасуваат животи во еден сложен систем. Инспирација за документарецот беше легендарниот трауматолошки оддел кој се наоѓа во Округот Лос Анџелес, каде што се спасени и умреле повеќе луѓе отколку во кој било друг дел на САД.

„Привилегијата на таа работа е што можете да ги гледате луѓето како минуваат низ неверојатен спектар на животот, од среќа поради раѓање до трагедија и смрт и сѐ она што се наоѓа помеѓу“, рече Мекгери по снимениот документарец.

Серијата, каде што во главна улога е Марша Геј Харден (која ја гледавме во серијата не Еј-би-си, „How To Get Away With Murder“) која ја игра д-р Лиен Рориш, не се занимава со политиката и со лекарската администрација, туку исклучиво со човечките судбини. Режисерот тврди дека снимањето било забавно, но дека серијата е толку автентична што се надева дека многу лекари ќе уживаат кога ќе видат колку случаите всушност се прецизни и блиски до вистинските случаи. Некои критичари серијата „Црна тревога“ ја споредија со помрачна верзија на „Вовед во анатомија“, која исто така е достапна за гледање во видеотеката на Pickbox.

Што воопшто значи „Црна тревога“?

Името на серијата се однесува на ситуацијата кога во една болница има повеќе пациенти од персонал и ресурси. Во вистинскиот живот многу болници ја користат таа шифра за закана од бомба. Зелените, жолтите и црвените тревоги исто така укажуваат на разни ситуации – некои подобри а некои полоши. Интересен е фактот дека ситуациите со црна тревога инаку се случуваат три-четири пати годишно, но во серијата такви ситуации има околу 300 пати годишно.

„Серијата едноставно е прекрасна“, рече Харден, „ќе бидете упатени не само во животите на пациентите туку и во животите на лекарите. И запомнете, ќе има навистина грди и валкани сцени“, беше искрена главната актерка и индиректно порача дека ако не сакате да гледате крв на екранот или ве вознемирува тоа што секоја приказна нема среќен крај, тогаш серијава не е за вас. Во однос на серијава, „Вовед во анатомија“ е детска играчка.

Сите сезони на „Црна тревога“ гледајте ги на www.pickbox.tv.

Претходна статијаУредите со свитливи екрани изгледа имаат уште доста за развој пред официјално претставување
Следна статијаИАБ Македонија усвои саморегулаторен етички кодекс на онлајн издавачите во Македонија