Google-Self-Driving-car

Замислете ситуација каде сите околу вас секогаш совршено ги почитуваат законите, никогаш не го надминуваат брзинското ограничување, се престројуваат по цела минута и едноставно се супердосадни возачи. Веројатно тоа ќе ви внесе многу гнев бидејќи таквото возење ќе биде многу иритантно за сите поспособни возачи.

Автономните возила се токму овие супердосадни возачи кои никогаш не грешат. Заради тоа тие постојано учествуваат во мали сообраќајќи. Возејќи досадно и многу претпазливо тие ги изненадуваат човечките возачи кои се навикнати на малку поинтензивно и похрабро возење низ населени места и на отворен пат.

Затоа често знаат да удрат во автономните возила на Google бидејќи тоа неочекувано закочило пред нив дури и кога немало толкава потреба. Некои од инженерите имаат идеја да вметнат алгоритми за „кршење“ на законите и правилата ако тоа ја зголеми спонтаноста и безбедноста на патот и ги намали ваквите мали сообраќајќи, но ова е едно тешко етичко прашање за кое нема добар одговор.

Засега, во ваквите возила понекогаш луѓето превземаат контрола за да им помогнат во некои ситуации. На пример, ако возилото сака да се престрои, а околу него има многу други возила, тоа не знае дали тие ќе му дадат простор и останува со даден трепкач со минути без да направи потег.

Човечкиот возач веднаш знае во таква ситуација дека треба едноставно да почне да влегува во лентата и ќе ја исполни целта. Во други ситуации возило на Google се блокирало на раскрсница бидејќи ги чекало сите возачи апсолутно да застанат пред да направи потег. Во овој случај повторно интервенирал човек.

Од друга страна, ако е за утеха засега ниту една сообраќајна незгода не била направена по вина на  автономно возило.

Извор: TechInsider, Unilad

Претходна статијаПронајдена најблиската планета погодна за живот оддалечена 14 светлосни години
Следна статијаYu Yutopia – Моќни перформанси, достапна цена и Cyanogen OS