Доколку некој ви каже дека од Лондон до Њујорк можете да стигнете за 20 минути, дефинитивно нема да го сфатите сериозно. Но тоа што не е возможно сега не значи дека нема да биде возможно во иднина. Сведоци сме на постојани иновации во светот на автомобилската индустрија, време беше да слушнеме што ново се случува во светот на авионската индустрија.

Позади овој проект стои канадскиот дизајнер Charles Bombardier кој што тврди дека неговиот авион ќе биде 10 пати побрз од Конкорд. Charles Bombardier своето концепт летало го нарекол Антипод. За да се постигне времето од 20 минути за да се стигне од една до друга страна на атлантикот, авионот треба да постигне брзина од неверојатни 30.000 километри на час. Колку за споредба, обичен Боинг 747 постигнува максимална брзина нешто над 900 километри на час.

Од Антипод се очекува да постави нови стандарди на суперсонична брзина. Претставено во бројки тоа би било некаде околу 24 пати побрзо од брзината на звукот. За разлика од другите авиони, Антипод ќе лета на висина од само 12 километри над земјата.

Првично ќе има само 10 седишта, односно само толку луѓе ќе може да учествуваат во еден лет на овој авион. Оттука се поставува прашањето колку би чинела една авионска карта за тоа суперсонично доживување. Од друга страна, самото производство на авионот би било премногу скапо.

Како и да е, иднината можеби е поблиску одколку што очекуваме. Само е прашање на време кога ќе можеме да стигнеме од еден крај на светот до друг во времетраење на еден просечен филм.

Извор: The Sun, Elle Decor

Претходна статијаGoogle Maps ќе дава информација за локации кои се пристапни за лица со инвалидски колички
Следна статијаWaymo ги прикажа првите автономни автомобили по издвојувањето од Google