Кој може денес да си замисли барем еден ден без интернет? Дали за забава или работа, постојано имаме потреба да бидеме „поврзани“. Новите технологии ни овозможуваат екстра брз интернет, а ние имаме сé поголема потреба од пренос на податоци, дали се тоа HD видеа, фотографии со добра резолуција, симнување на филмови, играње игри онлајн, нашата глад за интернет сé повеќе расте.

Но, доколку не внимаваме многу брзо може да го потрошиме мобилниот интернет, а мислиме дека нашите навики се исти. Можеби навиките се исти, но количината на податоци што се пренесуваат е многу поголема, одредени апликации работат во позадина, а не сме ни свесни дури и кога е исклучен екранот.

Постојат неколку едноставни „трикови“ со кои може да го заштедиме мобилниот интернет.

  1. Отстратенете ги сите инсталирани апликаџии и виџети, како и опции за автоматски известувања и апдејтирања кои не ви се потребни, бидејќи тие имаат пристап и користат Интернет и без да биде вклучен екранот или апликацијата. Можете во апликацијата GOOGLE App Store во Settings да ја исклучите опцијата за автоматско обновување на апликациите со понапредни верзии.
  2. Исклучете го мобилниот интернет за апликациите кои сакате да ги користите само преку Wi-Fi. Често и самите мобилни телефони имаат опции за такви поставки.
  3. Исклучете го автоматското прикажување на видеа во Facebook додека сте на мобилен интернет. Одете во поставките на апликацијата: Settings > App Settings > Auto play, каде што можете да одберете кога видеата можат да се отворат, односно само кога се користи Wi-Fi, или воопшто да нема автоматско прикажување на видеата.
  4. Користете Wi-Fi секогаш кога можете, особено за споделување на слики и поголеми документи (датотеки). Тие можат наеднаш да ви го „изедат“ расположивиот интернет сообраќај, со оглед на тоа што дека денес сé полесно и побрзо се симнуваат големи слики и видеа. Поставете потсетници и лимити за искористување на мобилниот интернет преку алатките на уредот. Голем број од поновите мобилни тоа го имаат вградено во поставките, додека пак постојат и други бесплатни корисни апликации кои се нудат за таа намена и преку кои можете да го следите вкупно потрошениот Интернет, но и неговото користење од страна на одделни апликации. Така ќе знаете точно која апликација е најголемиот потрошувач за да ја избришете или пак да ја користите само во Wi-Fi.
Претходна статијаOutlook.com beta ви овозможува да ги тестирате новититете на овој сервис
Следна статијаЗа првпат во Македонија, работа по струка во САД