Фото: Shutterstock.com

Живееме во време на огромна достапност на информации, но по некое чудо луѓето се можеби најмногу дезинформирани од било кое време порано. Информациите можеби се достапни, но луѓето ретко ги читаат како што треба, а посебно проблем прави барањето на потврда на сопственото верување, наместо дознавање на што е точно.

Изминатите неколку години со корона кризата, војната во Украина сега, па и најновите случувања на политички план во Македонија, ја извадија на површина потребата од истражување на темите кои се актуелни, а не само да се читаат „набрзинка“ од неколку извори кои се блиски до гледиштата на други теми до корисниците.

Тоа што препорачуваме е да кога ќе ве заинтересира некоја тема, да не барате само потврда не вашите верувања, туку да истражите што навистина се случува, односно да ги побарате достапните факти кои некогаш можеби и нема да ви се допаднат.

Пребарувањето преку Google изгледа едноставно, ќе внесете по некој збор и ќе излезат веб страни, а ако насловите ви се допаднат, истражувањето тука завршува.

За да можете добро да пребарувате преку Google треба и до одреден степен да знаете како функционира овој најпознат пребарувач. Во основа Google функционира на основа на алгоритам кој ги прикажува веб страните врз основа на тоа дали смета дека се релевантни за напишаните клучни зборови, но и според популарноста и функционалноста на страната. Ова воопшто не е поврзано со точноста на информациите.

Додатно, Google прикажува резултати врз основа на вашата локација, но и профилот кој го има компанијата за вас, направен од користењето на YouTube, претходните пребарувања на Google и слично.

Тоа значи дека резултатите кои се прикажуваат се гледа да се поврзани со вашите интереси, па повторно може да дојде до ситуацијата на прикажување резултати кои ќе ви се допаднат, а не резултати кои ќе овозможат најдобро истражување на темата.

Има неколку работи кои може да ги практикувате за да добиете повеќе резултати, односно резултати кои ќе ви прикажат повеќе извори на информации, што е основа за добро истражување.

Кога пребарувате земете ги во предвид клучните зборови кои најдобро ја опишуваат темата која ја истражувате. Гледајте тие да овозможат конкретно насочување на алгоритамот во правецот на истражување.

Друг добар совет е да пребарувате повеќе во општ правец, односно не во правец на тоа што го верувате или го проверувате како тврдење. Со тоа ќе избегнете веб страни кои го потврдуваат тоа што го барате, а најдобар начин за истражување е да се видат и страните кои го негираат тврдењето.

Исто така, при пребарување, најдобро е да се започне со поедноставна реченица, па постепено да се додаваат и тестираат неколку дополнителни за да се види која комбинација ќе даде најдобри резултати.

На крајот, прави разлика проверката на страната која се отвора, затоа што секој може да направи страна и да напише што сака, па читањето на проверени избори е препорачливо да се земе во предвид.

Ако треба да издвоиме еден од советите, најдобар го сметаме советот да се менуваат клучните зборови и да се види кој најдобро го претставува тоа што се бара, односно да не се застане на првото пребарување.

Уште една „финта“ е добра да се проба, а тоа е вклучување на прелистувачот во приватен режим за пребарувањето да не биде додека сте најавени на Google. На овој начин пребарувачот ќе даде дополнителни резултати, поразлични од тие што обично ги добивате.

Претходна статијаКина развива систем за надгледување кој би предвидувал кога може да дојде до протести или криминални дејства
Следна статијаЕвропскиот Парламент ги изгласа двата закони кои треба да донесат големи нови правила за ИТ компаниите
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.