Фото: Shutterstock.com

Иако често се сака да се претстави дека истокот е местото каде што граѓаните немаат никакви права и секој нивни чекор се следи и надгледува, сепак ова јасно е дека важи и за западот. Реално постои разлика, па може да се каже дека на запад постојат некакви механизми за заштита и приватност, додека на истокот такво нешто скоро и не постои.

Кина, земја која веќе е позната по високото ниво на контрола на граѓаните, планира ова да го однесе на наредно ниво, досега гледано само во научно фантастичните филмови.

Според извештај од The New York Times, кинеските власти планираат да почнат да користат алгоритам кој ќе може да предвиди кога некој планира да направи некакво криминално дело или кога некој планира да протестира или да направи било што кое се смета за „застранување“ од прифатливото однесување во земјата.

Алгоритамот би функционирал со сите информации кои властите веќе ги имаат и следат за граѓаните, во комбинација со криминално досие, претходни активности, па дури и ментални болести, припадност на малцинства и слично.

Примерите кои се даваат за начинот на користење на системот вклучуваат работи како собирање на неколку луѓе кои имаат криминални досиеја на иста локација, човек кој има учествувано на политички протести има купено карта за воз до Пекинг и слично.

Според информациите, се што е ставено да се смета како сомнително во алгоритамот ќе биде причина за известување на властите и полицијата кои потоа ќе можат да постапат соодветно.

Иако и самото следење врз основа на овие информации е нешто што треба да е незамисливо, се истакнува дека следењето ќе се прави на сите граѓани, односно не само на тие кои имаат некакви криминални досиеја.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаНов урбан парк со големина на Плоштадот Македонија ќе никне во јадрото на Скопје
Следна статијаКако подобро да пребарувате преку Google
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.