Фото: Shutterstock.com

Два нови закони беа изгласани од страна на Европскиот Парламент кои привлекуваа големо внимание уште од нивното првично предложување во декември 2020. Законите се водат како пакет за дигитални сервиси, односно Digital Services Act и Digital Markets Act.

Овие два закони директно ќе ги погодат големите ИТ компании до степен што за дел од работите кои стануваат обврска може да се каже дека се претерани и непотребно задираат во работи кои треба да останат одлука на компаниите.

Digital Services Act ги регулира обврските на дигиталните сервиси, а тука се мисли на сервисите како Facebook, Google Search, Amazon онлајн продавницата и слично. Од ЕУ овој закон го претставуваат како нешто што ќе придонесе до подобрување на основните права на корисниците онлајн, преку поголема транспарентност и одговорност за онлајн платформите.

Во основа и двата закони тргнуваат од логиката дека компаниите кои стојат зад големите платформи, односно имаат огромен број на корисници, треба да имаат поголема одговорност во нивната работа и одлуките кои ги носат.

Пример за обврските кои ќе произлезат од Digital Services Act се мерки во компаниите за справување со нелегална содржина, вклучувајќи и нелегални добра и сервиси, правила за следење на продавачите на онлајн платформите, можност за предизвикување на начинот на модерирање на содржината, подобра транспарентност за правилата, забрана за таргетирано рекламирање за деца, овозможување на пристап до податоците од страна на истражувачи и слично.

Digital Markets Act од друга страна се однесува на платформите кои ги нарекуваат „чувари“ во дигиталниот сектор. Тука се мисли на компаниите кои имаат платформи од аспект на смартфони, продавници за апликации и слично, како Apple, Google, Microsoft и други.

ЕУ овој закон го гледа како начин да се заштитат корисниците од правила кои компаниите ги наметнуваат самите поради нивната големина, кратко кажано.

Примери за обврски кои преоизлегуваат од овој закон вклучуваат овозможување на корисниците да лесно ги бришат прединсталираните апликации и да ги менуваат стандардните прилагодувања на оперативните системи, овозможување на корисниците да инсталираат апликации од трети страни, како и од други продавници за апликации, овозможување на пристап до сервисите од трети страни, односно отворање на платформите кои моментално се строго контролирани од страна на компаниите.

„Европскиот Парламент усвои закони први во светот: Силно, амбициозно регулирање на онлајн платформите. Законот за дигитални услуги овозможува заштита на правата на корисниците на интернет. Законот за дигитални пазари создава фер, отворени онлајн пазари. Како пример, нелегалниот говор на омраза може да се решава и на интернет. И производите купени преку Интернет мора да бидат безбедни. Големите платформи ќе мора да се воздржат од промовирање на сопствените интереси, да ги споделат своите податоци со други бизниси, да овозможат повеќе продавници за апликации. Бидејќи со големината доаѓа и одговорност – како голема платформа, има работи што мора да ги правите и работи што не можете да ги правите“. – истакна извршниот потпретседател за Europe Fit for the Digital Age, Маргарет Вестагер.

Како што може да се види, ЕУ сака да преземе голема контрола врз начинот на работа на компаниите, промовирајќи го тоа како заштита на корисниците. Некои делови од законите можеби се добри, но некои навистина непотребно навлегуваат во работата на компаниите, па ќе видиме какви ќе бидат реакциите од нивна страна.

ИЗВОРЕУ
Претходна статијаКако подобро да пребарувате преку Google
Следна статијаFIFA ќе ја користи својата нова технологија за полу-автоматско откривање на „офсајд“ на Светското првенство оваа година
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.