Фото: FIFA

FIFA објави дека ќе ја користи својата технологија за офсајд на Светското првенство кое ќе се одржи оваа година во Катар. Првенството започнува на 21 ноември, а судиите и гледачите ќе можат поточно и полесно да оценат дали некој играч бил во офсајд позиција.

Оваа технологија FIFA досега ја тестираше, па минатата година можевме да прочитаме за истата при најавата дека ќе се користи за време на Арапскиот Куп.

Технологијата е составена од 12 камери кои се поставени под кровот на стадионот. Овие камери ги следат топката, како и 29 точки на играчите, испраќајќи информации 50 пати во секунда до системот. Овие 29 точки ги вклучуваат сите зглобови и екстремитети на играчите.

Покрај камерите, самата топка во неа има вградено сензор кој испраќа информација до системот 500 пати во секунда, со што се обезбедува сигурна информација за тоа кога топката била шутната.

Комбинирањето на сите овие информации, со помош на вештачка интелигенција, се добива точна слика за офсајд ситуациите, а по завршувањето на анализата се прави и 3Д анимација која може да ја видат и гледачите.

Со ова, ситуациите кога некоја страна смета дека е оштетена од одлуката на судијата, треба да станат поретки, односно и да ги нема. Еден ваков систем точно ќе покажува што се има случено, па ќе нема простор за сомневање.  

https://youtu.be/FEPKAeGzwPU

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2FIFA
Претходна статијаЕвропскиот Парламент ги изгласа двата закони кои треба да донесат големи нови правила за ИТ компаниите
Следна статијаШто очекуваат младите од работодавачите и како до професии на иднината кои ќе ги задржат младите во земјава
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.